Search

Моника Белучи на црвениот килим во Кан носеше ѓердан со историско значење

Моника Белучи на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал носеше ѓердан со смарагди и дијаманти што го изработи „Картие“ во знак на сеќавање на мексиканската актерка Марија Феликс.

Една од најубавите актерки на денешницата на престижниот филмски фестивал имаше чест да го носи „Марија Феликс трибјут” ѓерданот кој претставува крокодил и кој е изработен од дијаманти и смарагди (14 од нив се навистина ретки од Колумбија) кои вредат 46,45 карати.

Ѓерданот, исто така, има историска вредност, бидејќи има дијаманти на Наполеон.

https://www.instagram.com/p/BxnK7kYI3qB/?utm_source=ig_embed

Ѓерданот кој во 1975 година го носеше Марија Феликс е изработен според љубимецот на познатата актерка кого таа го довела во работилницата за да биде сигурна дека дизајнерите верно ќе го пренесат идентитетот на нејзиниот миленик во накитот. Само една личност, покрај Марија Феликс, некогаш го носеше овој ѓердан, и оттогаш тој се чува како експонат во „Картие“.

Моника Белучи имаше чест да ја заживее оваа приказна. Истиот скулптор ги изработи двата ѓердани и им даде дух на украсните „крокодили”.

Треба да знаете
Последни објави