Search

Монголија до 30 март ги затвори училиштата поради опасноста од коронавирусот

Монголија до 30 март ги затвори сите свои училишта со цел да го спречи ширењето на коронавирусот во земјата, соопшти денеска владата, јавија британските медиуми.

Вирусот, што е  сличен на грипот, кај нивниот јужен сосед – Кина, веќе ја предизивка смртта на повеќе од 2.000 лица, додаваат британските меидуми.

Иако во Монголија засега нема пријавено ниту еден случај на коронавирус, земјата ја затвори границата и одбива влез на секој што патува од Кина. Во земјата  сè уште има 336 Кинези кои сакаат да се вратат дома, наведоа вчера монголиските власти.

Поради појавата на епидемијата во соседството, која не го намалува темпото,  образовните институти во Монголија, од градинките до универзитетите, ќе останат затворени до крајот на следниот месец, соопшти владата, додаваат британските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави