Search

Монако со негативен рекорд во ЛШ

 Тешките моменти за Монако изгледа се далеку од завршени за клубот од Кнежевството. Вечерва, младиот талент на тимот, Беноа Бадиашиле постави рекорд во Лигата на Шампионите, каков ниту еден тим не би сакал да поседува. Од сега, дефанзивецот ќе биде запишан во историјата на најпрестижниот клубски турнир во Европа како најмладиот играч со автогол во него.
Веќе во втората минута при посетата на Атлетико Мадрид во групата „А”, Монако прими гол. До него можеби немаше да дојде, ако шутот од далечна дистанца на Коке не се одби од Бадиашиле. Топката целосно ја промени својата траекторија и стана невозможна за голманот Диего Беналио, кој веќе тргна во другата насока.
Така, со своите 17 години од 265 дена, Бадиашиле стана најмладиот фудбалер со автогол во Лигата на шампионите. Тој го подобри претходното „врвно” достигнување – Миле Свилар (18 години и 65 дена) поставено во 2017 година.
Треба да знаете
Последни објави