Search

Монако по голем пресврт го совлада ПСЖ

Фудбалерите на Монако забележаа победа над шампионат во Лига 1, Пари Сен-Жермен синоќа на домашен терен во рамките на 11. коло. Иако по првото полувреме гостите од Париз водеа со 2:0 со двата гола на Килијан Мбапе, сепак до крајот домаќините постигнаа три погодоци за конечен триумф со 3:2.

Кевин Фоланд постигна два гола, Сеск Фабрегас го постигна победничкиот гол од пенал во последните минути.

Монако се искачи на второто место на табелата, сега има 20, ПСЖ е лидер со 24.

Треба да знаете
Последни објави