Search

Момче собираше шишиња за да заработи пари за надгробен споменик на својот пријател

Дванаесетгодишниот Калеб Клакулак и Кенет Грос беа најдобри пријатели од второ одделение во основното училиште. За жал, нивното пријателство го прекина суровата болест, односно смртта на Кенет во мај.

На детето му е дијагностицирана леукемија и по неколку операции и хемотерапија ја изгуби битката. Тој почина од срцева слабост, пишува „Детроит њус“.

Момчето беше погребано на гробиштата во Детроит, но неговото семејство не можеше да си дозволи надгробен споменик.

Малиот Калеб одлучи да заработи пари и да го уреди последното почивалиште на својот најдобар пријател. Тој почнал да собира лисја и шишиња околу градот за да собере средства и отворил страница за донација. Неговата цел била да собере 2 500 долари, и кога го остварил тоа, вишокот пари го донирал на семејство што го загубило синот. Во собирањето пари, на благородното момче му помогнала неговата мајка која преку Фејсбук ги замолила пријателите и познајниците да му дадат вишок шише или работа на нејзиниот син за да заработи некој долар.

Треба да знаете
Последни објави