Search

Момче почина од сепса по операција на хемороиди

Синоќа младо момче почина откако било донесено на скопските клиники каде што докторите констактирале дека има сепса, дознава Макфакс. Неофицијално, пред неколку дена момчето имало хируршки зафат на хемороиди во приватна здравствена ординација која се наоѓа во Карпош.

Државниот санитарен и здравствен испекторат за „Макфакс“ потврди дека имало ваков случај и додадоа дека вршат вонреден испекциски надзор во приватната здравствена ординација за да утврдат дали има пропусти во интервенцијата кај младото момче.

Треба да знаете
Последни објави