Search

Момче од Скопје со автомобил удри во земјен брег кај Мирковци

28-годишно момче со автомобил излеталo од патот на обиколницата пред клучката Мирковци и удрилo во бетонски ѕид. Момчето со тешки повреди е пренесено во болница.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 07,45 часот кога Д.К.(28) од Скопје со „пежо 206“ со скопски регистерски таблици излетал од коловозот, удрил во земјен брег и повторно се вратил на коловозот по што запрел на помошната лента за запирање на возила.

По сообраќајната незгода Д.К. со возило бил пренесен во Градската општа болница 8- ми Септември каде му биле констатирани тешки телесни повреди по што бил задржан на понатамошно лекување.

Треба да знаете
Последни објави