Дваесет и шестгодишно момче утринава било пронајдено мртво во када во делчевското село Стамер. Од СВР Штип информираа дека по насока на обвинител неговото тело е предадено на обдукција. Кај момчето немало траги на насилство.