Search

Момче без дозвола прегази сопружници кај Слупчане, еден загина

Момче од Липково прегазило сопружници од Слупчане возејќи без дозвола, при што загинал сопругот, вчера на локалниот пат Слупчане- Куманово, информираше МВР.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово, заедно со екипа од МВР изврши увид на лице место каде што се случи сообраќајната несреќа. Обвинителот донесе Наредба за спроведување истражна постапка против еден осомничен за сторено кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 од Кривичниот законик.

 

Сообраќајната несреќа се случила околу 21.30 часот на локалниот пат кој води кон Слупчане. Тогаш осомничениот Р.З.(21)  се движел со автомобил „БМВ“ со кумановски регистарски таблички со преголема брзина и без да поседува возачка дозвола. Тој удрил директно во Ф.Д.(34) и Б.Д.(39) кои се движеле по патот во иста насока како возилото. Од силината на ударот на лице место починал Б.Д., додека неговата сопруга е лесно повредена.

Јавниот обвинител нареди сообраќајно техничко вештачење на возилото, како и прибирање траги од лице место. Дадена е и Наредба за вршење обдукција на телото на починатиот.

 

Треба да знаете
Последни објави