Search

Момчето ја изневери, а таа му се одмазди продавајќи го неговиот „Х–бокс“ за 3 фунти

Девојка од Англија го продаде „Х–боксот“ на своето момче за само 3 фунти откако дозна дека ја изневерил.

Џорџија Џексон објави оглас на Фејсбук дека „ја продава гордоста и среќата” на своето момче Џош Медок.

„Кој ќе дојде прв, ќе може да го купи за 3 фунти“, напиша таа во огласот, додавајќи дека би го дала бесплатно, ама мора да купи нов кујнски нож бидејќи нејзиниот се заглавил во неговите гуми”.

Мајката на едно дете објавата ја завршува со емотикон, а покрај „Х–боксот“,  кој чини околу 186 фунти во Велика Британија, ги додала слушалките на Џош, како и неколку игрици.

Нејзината одлука дојде откако дозна дека Џош и бил неверен, прво во 2016 година, а потоа и минатата година кога беше бремена. По четири години врска, таа вели дека неговото неверство е „огромно предавство“.

„Целосно ми го скрши срцето и не ми е жал – тоа е мојата одмазда“.

Треба да знаете
Последни објави