Search

Момчето на Каролин Флек: Моето срце е скршено, имавме нешто посебно

Момчето на Каролин Флек изјави дека тие имале нешто посебно, оддавајќи и` последна почит на поранешната водителка на „Лав Ајланд“, која синоќа беше најдена мртва во нејзиниот дом во Лондон.

https://www.instagram.com/p/B8nqjfWBwjA/

Во емотивна порака на Инстаграм, Луис Бартон напиша: „Моето срце е скршено“.

Тој постави заедничка фотографија, на која напиша дека „тој ќе биде нејзиниот глас“ и дека секоја ден ќе се обидува да ја направи горда.

Адвокатот на семејството соопшти дека Флек си го одзела животот.

Нејзината менаџерска компанија соопшти дека 40-годишната Флек била под силен притисок откако била обвинета за напад на Бартон, обвинение кое таа го негирала.

Таа требаше да следниот месец да се појави пред суд токму за нападот врз своето момче.

Треба да знаете
Последни објави