Search

Мозамбик: Бројот на жртвите од циклонот се искачи на 446

Бројот на жртвите од катастрофалниот циклон кој го погоди Мозамбик се зголеми од 417 на 446, соопшти денеска министерот за екологија на таа земја Целсо Кореја, додавајќи дека 531.000 луѓе се загрозени од оваа катастрофа.

Циклонот Идаи најтешко го погоди пристаништето Беира, а ветровите достигнаа брзина од 170 километри на час, за потоа да премине во Зимбабве и Малави, уривајќи се пред себе и загрозувајќи милиони луѓе.

Треба да знаете
Последни објави