Search

Можности за соработка на ФИТР со црногорското Министерство за наука

Размена на искуства и продлабочување на соработката помеѓу Фонд за иновации и технолошки развој и Министерството за наука на Црна Гора беа главна тема на денешната средба на директорот на ФИТР, Јован Деспотовски и министерката за наука на Црна Гора Сања Дамјановиќ, соопшти ФИТР.

Министерката Дамјановиќ нагласила дека Црна Гора започнува да пилотира програми за поддршка на стартап компании за што би било добредојдено искуството на Северна Македонија и ФИТР во креирање на вакви програми кои веќе успешно се спроведуваат и придонесуваат кон развој на домашната економија. Таа додала и дека на Црна Гора и е предизвик да формира Фонд за иновации по примерот на државава.

– Меѓу другото, разговаравме за искуствата кои ги има оваа земја во делот на развој и поддршка на екосистемот и можностите за меѓусебна соработка. Нашата земја може да научи од искуството на Црна Гора во делот на соработката меѓу академската и бизнис заедницата. Дополнително можеме заедно да работиме нареализација на концептот на Научно-технолошки парк што од неодамна веќе почна да се спроведува во Скопје, а е во најава за реализација и во Подгорица, рекол Деспотовски.

Министерката Дамјановиќ е дел од делегацијата на ЦЕРН која е во неколкудневна посета на земјава во рамки на „Денови на ЦЕРН во Република Северна Македонија” во организација на ФИТР, а во соработка со Природно-математичкиот факултет и Македонската академија на науките и уметностите

Треба да знаете
Последни објави