Search

Можна е да им се забрани на двајца руски хакери да го напуштат Еквадор

Еквадорските обвинители би можеле да забранат излез од земјата на двајца Руси, за кои се сомневаат дека се хакери и оти се поврзани со Џулијан Асанж, изјави еквадорската министерка за внатрешни работи Марија Паула Ромо.

– Разменуваме информации со обвинителите, кои би можеле да побараат од судот да преземе рестриктивни мерки против двајца Руси, ако оценат дека постои основа за тоа, посочи Ромо.

Таа и претходно изјави дека постојат индиции оти Асанж бил поврзан со руските хакери кои живеат во Еквадор.

Претходно, Ромо изјави дека на аеродромот во Кито уапсено е едно лице под сомнение дека е клучен играч на Викиликс.

– Лице блиско до Викиликс, кое имаше виза за престој во Еквадор уапсено е додека се подготвуваше да патува за Јапонија, напиша Ромо на Твитер.

Таа не го именува уапсениот, само наведе дека е осомничен оти ковал заговор против Владата на Еквадор. Ромо исто така наведе дела уапсениот неколку години живеел во Еквадор и оти често патувал за Лондон.

Тој е приведен едноставно поради истражни причини, посочи Ромо.

Неиемнуван владин претставник изјави дека уапсениот на аеродромот во Кито е шведскиот програмер Ола Бини.

Апсењето во Кито се случило само неколку часа по вчерашното апсење на Асанж во Лондон, откако Владата на Еквадор му го укина азилот.

Треба да знаете
Последни објави