Search

Модриќ: Никој не ми ја подари Златната топка

Неодамна Лука Модриќ беше прогласен за најдобар фудбалер на светот, а се уште и натаму траат полемиките околу тоа дали Хрватот ја заслужил Златната топка или не.

Сепак, се чини дека Модриќ останал имун на негативните коментари, со оглед на тоа што   на некој начин се обиде и да го оправда добивањето на најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот.

„Знам само едно – Златната топка никој не ми ја подари. Долг беше патот до неа, многу труд, успеси, титули. Среќен сум што ја освоив, а мило ми е што луѓето нешто и научија, а тоа е дека во фудбалот не се важни само головите“, изјави Модриќ и додаде:

„Додека дојдов до Златната топка морав да освојам многу титули. Три пати по ред ја освоив Лигата на шампионите, а на Светското првенство со малата Хрватска стигнав до финалето. Кој можеше да го замисли тоа? Ја освоив наградата на ФИФА за најдобар играч на годината и сега и Златната топка, а на тие награди навистина сум горд. Дури сега луѓето сфатија дека не се само головите важни во овој спорт“, изјави Модриќ.

Треба да знаете
Последни објави