Search

Моднот магазин „Вог“ добива дигитална верзија „Вог бизнис“

Во обид да пронајде нов извор на приходи, популарното модно списание „Вог“ ќе добие нова, дигитална верзија, пишува „Фајненшл тајмс“.

„Вог бизнис“ ќе се занимава со теми кои ќе им се допаднат на деловните луѓе во модната индустрија, како и на индустријата за убавина и козметика, и ќе имаат само онлајн издание.

Новиот портал ќе ги покрива темите за промените на пазарот, културните движења, трендовите и технологиите кои ќе влијаат на модната индустрија.

Вог бизнис“ ќе започне како билтен кој ќе излегува двапати неделно, а ќе го уредува Лорен Индвик, поранешна извршна уредничка на Fashionista.com. На проектот ќе работат вкупно 21 лице, од кои шест се новинари. На почетокот новото издание на „Вог“ ќе биде бесплатно, но набргу читањето статии ќе се наплатува.

Всушност, како што велат аналитичарите, станува збор за сè попопуларниот тренд кај медиумите, односно за специјализација на нивните публикации. Така се привлекува помала, но побогата публика, наместо бројни читатели и уште побројни огласувачи.

Треба да знаете
Последни објави