Search

Модернизација на Армијата и капацитетите и отворање на НАТО пазарот за македонските компании, дел од приоритетите на МО

Отворање на НАТО пазарот за македонските компании чиј годишен износ е околу четири милијарди долари, стабилен раст на одбранбениот буџет, клучна модернизација на Армијата, инвестиции во армиските капацитети, реконтрукција на објекти и подобрување на условите, како и поблиска соработка со невладиниот сектор и локалните самоуправи во контекст на армиско-цивилна соработка, се дел од приоритетите на Министерството за одбрана во наредниот период.

– Членството во НАТО е печатот на првиот мандат, но и на влезеницата за ЕУ во вториот. Нашата заложба е да покажеме дека не ја држиме фотелјата во НАТО само формално, туку седиме на тоа столче затоа што другите сојузници можат да сметаат на нас и ние на нив, рече денеска на претставувањето на приоритетите на институцијата со која раководи министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Таа додаде дека за отворање на НАТО пазарот за македонските компании, ќе биде воспоставен центар за нивна поддршка при настап на тендери на Алијансата. Во првата година, потенцира таа, ќе се работи да се обезбеди комуникација меѓу наште компании, комори и релевантните Агенции на НАТО.

Шекеринска најави дека во наредбиот период ќе биде обезбедено стабилно финансирање на Армијата, согласно долгорочните планови. Тие пари, потенцира таа, ќе значат подобра одбрана за државата, но и позадоволна и подобро опремена Армија. Стабилното финансирање, според неа, ќе овозможи продолжувње на реформите во МО и Армијата и незината модернизација.

За да се модермизира Армијата, веќе е и потпишан договор со САД за набавка на 33 лесни оклопни борбени возила, наменети за лесната пешадиска баталјонска група, дефинирана и како НАТО единица. Модернизацијата, меѓу другото, предвидува набавка на 151 вакво возило и таа ќе биде реализирана во наредните 4-6 години. Ќе се менува и системот за јавни набавки со кои ќе се овозможи директно управување со финанските средства во висина од околу 500 евра од страна на командите и касарните, за да се зголеми ефиксноста и подобрат условите за работа.

Како еден од побитните приоритети министерката за одбрана ја посочи и модернизацијата на Армискиот полигон Криволак. Во моментов се работи на подобрување на патната инфраструтура и веќе се завршени 25 километри.

– Вкупно се планирани 75 километри внатре и околу полигонот, а главните правци да завршат до следната година пред почеток на воената вежба „Одлучен удар”, што ќе се одржи во мај 2021 година, а на која ќе учествуваат околу 2.000 војници од армиите на САД, Бугарија, Грција и Северна Македонија, рече министерката Шекеринска.

Таа додаде дека ќе се работи и на реконструкција на објекти во касарните, и оти во моментов тече работа на реновирање на два големи објекти во рамки на касарната Илинден. До крајот на годината ќе почне и реновирањето на уште еден објект во оваа касарна, како и дел од Воената академија.

Ќе останаме транспарентни, рече министерката, исто како и минатиот период кога Министерството за одбрана беше прво на листите на централни и локални институции на Индексот на активна транспарентност и уживаше најголема доверба кај граѓаните.

Во таа насока, рече министерката, ќе работиме на зајакнување на армиско-цивилната соработка преку поблиска соработка со невладиниот сектор и локалните самоуправи.

– На Армијата сметаат и граѓаните, дека таа им помогнала кога им требало. Сакаме таа поддршка да ја подигнеме на повисоко ниво. Затоа до крајот на годината ќе излеземе со нов концепт за воено цивилна соработка, рече министерката Шекеринска.

Во врска со највената реформа и кратење во администрацијата, мнистерката посочи дека во Миинистерството за одбрана и во минатиот период се работело на тоа бројноста да не се зголемува и места кои се ослободиле со пензионирање на вработени, а не биле есенцијални, не се пополнувале. Така, појасни министерката за одбрана, во 2016 година во МО имало 876 вработени, а на крајот од 2019 година 712. Се разбира, додаде таа, доколку анализата покаже дека и натаму има голем број нефункционални работни места, тоа ќе биде исправено.

Прашана за коментар за изборот на Драги Ковачки, полковник на Армијата, за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, министерката рече дека тоа не е добро ниту за државата, ниту за Арријата.

– Замислете ситуација имаме ние началник, заменик началник и директор на ГШ. Замислете едниот да отиде во СДСМ, другиот во ВМРО, третиот во ДУИ, а дел од полковниците да заминат, не знам, во ЛДП или во Алијанса. На што ќе личи таа Армија и како ќе се чувствуваат припадниците на Армијата кога луѓето кои ги раководат имаат униформа и се заколнале на таа униформа, на таа Армија, на таа држава, а тераат партиска политика. Мислам дека не случајно порано, иако немало целосни законски ограничувања, сите воделе сметка дека Армијата треба да ја држиме над политиката, рече Шекеринска.

Таа истакна дека ова прашање било отворено и на седницата на Советот за безбедност, и оти став на сите бил дека можеби треба да се размислува ваквите прашања да се регулираат законски, како што е регулирано и за некои други професии.

Треба да знаете
Последни објави