Search

Моден детокс предизвик: Можете ли да издржите 10 недели без шопинг?

Универзитетот во Глазгов објави истражување според кое кога купуваме помалку, се менува нашата перцепција и почнуваме да го цениме и носиме повеќе она што го имаме во плакарот.

Академиците од Каледонскиот универзитет во Глазгов (Glasgow Caledonian University – GCU) ги повикуваат потрошувачите да учествуваат во нивниот предизвик за модна детоксикација и да не купуваат нова облека најмалку десет недели.

Имено, нивното истражување покажало дека оние кои се воздржуваат од прекумерно купување развиваат поздрави, поодржливи ставови за она што го поседуваат во сопствената гардероба.

Истражувањето било меѓународно, а испитаниците биле од Велика Британија, Канада, САД и Австралија. Тие морале да се откажат од купувањето десет недели, по што тим од шкотскиот универзитет ги проучувал нивните емотивни реакции.

„Имено, купувањето нова облека не носи трајна среќа и задоволство, затоа мора да најдеме начини луѓето да купуваат помалку“, вели Ема Кид, истражувач за одржливост при Универзитетот во Глазгов

Треба да знаете
Последни објави