Search

Мода на црвениот тепих на „Еми“: Највпечатливи изгледи

На шоуто за награди во 2020 година номинираните се појавуваа виртуелно, но оваа година, наградите „Еми“ се вратија на традицијата.

Во живо во центарот на Лос Анџелес, парадата на црвениот тепих започна во 15 часот со рани пристигнувања, вклучувајќи го и Џош О’Конор од „Круната“, водителката Никол Баер, Рита Вилсон и Боуен Јанг.

Трендовите на ноќта се фокусираа на светли, смели бои, особено неонски жолти како тие на Кејли Куоко, Михаела Коел и Ања Тејлор Џој, и брилијантни розови нијанси зкако тие на Анџела Басет, Узо Адуба и Филипа Су.

Фустаните како принцеза придонесоа на старо-холивудскиот гламур, а во такв издание беа Џурни Смолет, Јара Шахиди и Робин Тед. Неколку момци, во меѓувреме, се одлучија за кадифени комбинации, вклучувајќи го и Џејсон Судекис во костум на„Том Форд“ и Бо Бурнам во „Етро“.

Треба да знаете
Последни објави