Search

Могерини пред состанокот со МНР на ЕУ: Има многу теми од Венецуела и Иран, па се до Украина и Западен Балкан

Во пресрет на состанокот со министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, пред новинарите утрово се обрати на високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, која и претседава со состанокот.

Една од темите на разговорите ќе биде регионот на Западен Балкан, а особено ќе се дискутира за последните случувања во Босна и Херцеговина по неодамнешните избори.

Денеска на дневен ред се очекуваат многу дискусии и практично ние ќе го покрие целиот свет од Венецуела и Иран до Украина и земјите од Западен Балкан. Во текот на денот ќе се сретнеме со министерот за надворешни работи на Украина Павло Климкин и ние ќе зборуваме за настаните таму”, рече Могерини.

Шефовите на дипломатиите на ЕУ ќе ги започнат разговорите со состојбата на човековите права во светот по повод 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права и 70-годишнината од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права.

Треба да знаете
Последни објави