Search

Могерини поддржува почеток на преговори со ЕУ за Македонија и Албанија

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политикаФедерика Могерини дава поддршка за отворање на пристапните преговори на Унијата со Македонија и Албанија. Од нејзиниот кабинет соопштуваат дека оваа одлука е клучна не само за двете земји, туку за целиот регион и Унијата. Могерини на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк се сретна со претставници на земјите од Западен Балкан.

– Сите партнери од Западниот Балкан ја потврдија нивната силна заложба за ЕУ перспективата, истакнувајќи дека реформската работа продолжува како и регионалната соработка и добрососедските односи, велат од кабиентот на Могерини.

Премиерот Заев на вечерата истакнал дека очекува позитивна одлука за започнување на преговорите на претстојниот октомврискиот самит на Европскиот Совет. Посочил дека ова е клучен период за Македонија и оти сите напори се фокусирани на тоа да се задржи позитивниот дух кај сите земји-членки на Унијата да дадат поддршка за Македонија да ги отвори преговорите со ЕУ.

– Стартот на преговорите ќе биде успех и на Северна Македонија и на ЕУ, како резултат на заедничките остварувања за време на предпристапниот процес, нагласил Заев на вечерата.

Утре Заев треба да се сретне со грчкиот колега Мицотакис. Ова ќе биде прва средба на двајцата премиери откако Мицотакис победи на изборите во јули годинава. Освен средба со грчкиот колега, Заев ќе се сретне и со генералниот секретар на Обединетите Нации, Гутереш, но ќе присуствува и на приемот на американскиот претседател, Трамп.

Треба да знаете
Последни објави