Search

Могерини во тимот на Гутереш во Обединетите нации

Федерика Могерини, поранешната високата претставничка за надворешна политика на ЕУ доби нова позиција во Обединетите нации, пренесува порталот Kallxo.

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш ги именуваше членовите на неговиот тим, осуммина кои ќе работат на прашања на внатрешно раселените лица.

Со комисијата ќе претседаваат заеднички, Могерини и Доналд Каберука, моментално претседател на бордот на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, се вели во соопштението на ООН.

Треба да знаете
Последни објави