Search

Моби со фотографија докажува дека бил во врска со Натали Портман

Моби беше изненаден од изјавата на Натали Портман која го опиша како гаден постар човек, но и покрај тоа тој тврди дека биле во врска.

Музичарот кој неодамна објави мемоари во кои го опишува својот подем и пад, а во кои ја опиша и наводната кратка врска со познатата актерка, во својата автобиографија напиша дека таа имала 20 години, а тој 33.

Но, таа вели дека тоа не е вистина и тие се сретнале кога имала само 18 години, кратко време откако дипломирала во 1999 година. Моби признава дека тоа се случило во 1999 година, кога таа имала „одвај” 18 години, но инсистираше на тоа дека тие биле во романтична врска.

https://www.instagram.com/p/BxwubzJhaq2/?utm_source=ig_embed

„Неодамна прочитав озборување во кое Натали Портман вели дека никогаш не сме излегувале. Тоа ме збуни, бидејќи ние, всушност, излегувавме. А потоа останавме пријатели. Ми се допаѓа Натали, ја почитувам нејзината интелигенција и активизам” , напиша тој на „Инстаграм“.

“Но, да бидам искрен, не можам да разберам зошто се обидува лажно да ја претстави вистината за нашиот (иако краток) однос”, додаде тој, објаснувајќи дека во неговата книга „Then if Fell Apart” пишува се точно, со многу фотографии како доказ.

Натали Портман, пак, тврди дека тоа е начин на Моби да продаде што е можно повеќе книги.

Треба да знаете
Последни објави