Search

МНТ со „Галеб” гостува на фестивал во Пекинг

Македонскиот народен театар со претставата „Галеб” од Чехов во режија на Нина Николиќ на 21 јануари ќе учествува на 20-тиот уметнички фестивал „Средба во Пекинг”, кој го организираат Министерството за култура и туризам на Кина, градот Пекинг, Националната радио-телевизија и Здружението за уметност и забава во Кина. 

Во претставата играат: Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Петре Арсовски, Емил Рубен, Благој Веселинов, Дарја Ризова, Дамјан Цветановски, Сашка Димитровска, Тина Трпкоска, Славиша Кајевски и Аксел Мехмед.

„Средба во Пекинг” е меѓу најголемите уметнички фестивали во Кина, кој на програмата има претстави, изложби, концерти, танци, настапи на отворено и активности за едукација за уметноста. Се одржува од 2000 година со учество на уметници од повеќе од сто земји. 

Треба да знаете
Последни објави