Search

МНР проверува дали Груевски е во Будимпешта

МНР ја проверува информацијата дали поранешниот премиер и пратеник Никола Груевски навистина е во Унгарија и дали побарал азил.

,,Во врска со наводната информација објавена на Фејсбук профилот на Никола Груевски дека тој е во Будимпешта и дека побарал азил во Унгарија, Министерството за надворешни работи, во координација со надлежните институции во Република Македонија, постапува согласно своите законски надлежности во насока на верификација на информацијата. Веднаш по добивањето на релевантни информации во врска со наведеното, јавноста ќе биде соодветно и навремено информирана”, информираат од МНР.

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од унгарските власти.Во статусот стои дека во последните неколку дена тој добивал смртни закани.

„Во последните неколку дена примив безброј закани за мојот живот. Јас сум во Будимпешта и побарав политички азил од унгарските власти. Секогаш ќе ѝ останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам“, напиша Груевски.

Треба да знаете
Последни објави