Search

МНР Димитров упатува јавна благодарност до австрискиот МНР Шаленберг за помош при репатријација на наши граѓани од Перу

Информираме дека 4 македонски граѓани кои беа затекнати како туристи во Лима, Перу, по телефонски разговор Димитров – Шаленберг, во организација на амбасадите на Северна Македонија во Виена и во Бразилија, а во соработка со австриските власти, денеска со чартер лет на Аустријан Ерлајнс слетаа во Виена.

Во исклучително отежнати услови за репатријација особено за затекнатите граѓани на други континенти, упатуваме голема благодарност до министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, како и до австриското МНР, за солидарноста која е повеќе од потребна во овие моменти при заемното помагање помеѓу земјите.

Водени од тие принципи  и Министерството за надворешни работи на Република Серверна Македонија досега им излезе во пресрет на 9 странски државјани: 4 од Хрватска, 4 од Црна Гора и 1 од Косово, на летовите кои беа организирани за репатријација на македонски граѓани од Малта и Хрватска.

Министерството за надворешни работи е во постојана комуникација со надлежните власти на земјите од регионот и од земјите членки на ЕУ, правејќи напори за преземање на нашите граѓани од другите континенти со заеднички прекуокеански лет, како што беше и случајот со Австрија.

Треба да знаете
Последни објави