Search

МНР го осудува чинот на палење на знамето на Бугарија како евтин и неуспешен обид да се предизвика омраза меѓу граѓаните во двете држави

По денешната објава на видеото на социјалните мрежи во чија содржина е прикажано како се пали знамето на Република Бугарија, најостро го осудуваме овој чин, како евтин и неуспешен обид да се предизвика омраза меѓу граѓаните во двете држави, како и да се нанесе штета на угледот на Република Северна Македонија.

Министерството за надворешни работи на најкатегоричен начин го осудува секој чин на сквернавење на било чии националните симболи, вклучувајќи ги тука и симболите на соседна Република Бугарија, како и секој друг вид на израз на омраза кој не соодветствува со суштинските односи меѓу двете земји.

Во оваа прилика сакаме да упатиме апел до граѓаните да не потпаѓаат под ваквите провокации, чија намена очигледно е нечесна и е во спротивност со стратешките интереси на државата да ги негува и развива добрите односи со соседите.

Треба да знаете
Последни објави