Search

МНР: Во несреќата во Србија се повредени 26 патници кои оделе на екскурзија во Копаоник

Во несреќата која што изутринава се случи во Србија, кога се превртел македонски автобус кој превезувал патници на Копаоник, се повредени 26 лица, од кои 18 се згрижени во болницата во Блаце.Осум патници се згрижени во болницата во Прокупље, информира Министерството за надворешни работи.

Од МНР велат дека сообраќајната несреќа се случила изутринава на патот Блаце – Белољин во Србија, кога автобус со македонски регистарски таблички се превртел носејќи патници на еднодневна екскурзија на Копаоник.

Според првични информации од лекарите, згрижените се надвор од животна опасност, додека едно лице во Прокупље е потешко повредено. Засега се сите контактибилни, но за секој случај во болницата во Прокупље се врши и компјутерска томографија за да се утврди прецизно состојбата на повредените. Според неофицијална информација од Болницата во Блаце, Србија, патниците биле претежно од Радовиш.

„Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е во постојана комуникација со надлежните органи. Од страна на МВР на Србија-Полиција Блаце сме информирани дека сѐ уште се врши увид на местото на несреќата и засега не можат да дадат подетални информации. На терен е и надлежен јавен обвинител“, информираат од МНР.

Треба да знаете
Последни објави