Search

Млад скопјанец осомничен дека криел оружје и дрога во бункери во Бутел

Дваесет и четиригодишен скопјанец е осомничен дека ги сокрил оружјето, муницијата и дрогата во бункери во Бутел кои беа откриени на почетокот на мај.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за отворање истрага против едно лице за недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

Осомничениот 24-годишник, во текот на април и почетокот на мај годинава, во импровизирани бункери од пластични цевки, закопани во земја во пошумениот дел меѓу улиците „Алпи“ и „Коце Металец“, неовластено држел поголемо количество оружје и муниција и хероин. .

На различни локации биле пронајдени автоматска пушка, 27 куршуми за таа пушка, полуавтоамтска снајперска пушка, автоматско оружје со навој за пригушувач на кое биле залепени две рамки со 34 куршуми, два пригушувачи, уште три автоматски и една полуавтоматска пушка завиткани во крпи, како и уште 38 куршуми.

Освен ова, во пластично буре бил пронајден хероин со вкупна нето количина од 2.362 грама, спакувана во пет пакувања.

Надлежниот јавен обвинител, поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје вечерва достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​

Треба да знаете
Последни објави