Search

Млад аргентински фудбалер почина на 21-годишна возраст од срцев удар

Уште една трагедија го снајде фудбалскиот свет, младиот аргентински фудбалер Фабрицио Наваро почина на 21-годишна возраст од срцев удар. Несреќниот фудбалер настапуваше за екипата на Атлетико Тукуман, а според локалните медиуми тој откао се вратил од тренинг, јадел и легнал да одмори. Но, за жал Наваро не се разбудил, бидејќи во сон доживеал срцев удар, од кој починал.

– Ова е голема загуба за нас. Фабрицио имаше само 21 година и поголемиот дел од животот го помина во клубот. За жал, тој беше пронајден дома кога веќе не беше жив – објави клубот.

Бидејќи Фабрицио, како и секој друг спортист, редовно бил тестиран, неговата ненадејна смрт ги шокира неговите пријатели и семејството. Ниту еден од резултатите од тие тестови никогаш не покажал дека младиот фудбалер имал проблеми со срцето.

Треба да знаете
Последни објави