Search

Млади, локално население и амбасадорите Тимоние и Герберих засадија 7 дрва на иднината на плажата во Отешево во рамки на “Запознај ја Преспа”

Денес на манифестација “Запознај ја Преспа”, се приклучија амасадорот на Франција, Кристијан Тимоние и амбасадорот на Германија, Томас Герберих. Двајцата активно се вклучија во еко акцијата која се одржа во рамки на манифестација и заедно со актвистите садеа дрва и ја чистеа околината на Отешево.
Германскиот амбасадор Томас Герберих изрази задоволство што токми денеска, кога се одбележува годишнината од Преспанскиот договор, се наоѓа во Преспа, на дводневниот настан ,,Meet Prespa”.
– “Прва важна работа што сме тука е одбележувањето на годишнината од Преспанскиот договор, втора е тоа што сме тука заедно со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние. Нашите народи пред сто години војуваа, а денес сме пријатели, истакна Герберих.
Францускиот амбасадор Тимоние посочи дека е потребно заедништво и соработка повеќе од било кога. “Ова е ден за надеж и за иднината на Европа. Треба да работиме заедно” , рече францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
Денеска во Отешево се засадија седум дрвја во рамки ма настанот,, Запознај ја Преспа”. Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски која активно учествува во организација на манифестацијата, рече дека овој настан е со цел да ги зближи Северна Македонија, Албанија и Грција.” Засадивме седум дрвја на крајбрежјето на Преспанското Езеро во Отешево се со цел да го покажеме заедништвото и сето она што го направивме во измиматиот период. Овој настан е со цел да ги зближи Северна Македонија, Албанија и Грција” истакна Каевски.
Манифестацијата” Запознај ја Преспа” продолжува на плажата во Дупени каде има дегустација на традиционална преспанска храна.
Треба да знаете
Последни објави