Search

Младите учесници на филмскиот фестивал „Џифони“ едуцирани за правилна употреба на новите садовите за отпад

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска одржа еко-предавање пред 150 средношколци, учесници на Меѓународниот филмски фестивал за млади – „Џифони“ што во периодот 12-17 октомври се одржува во Младинскиот културен центар во Скопје.

Средношколците се запознаа со работата и активностите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и беа едуцирани на кој начин правилно се употребуваат новите контејнери за комунален отпад со зафатнина од 3,2м3 и корпите за ситни отпадоци што Претпријатието неодамна започна да ги поставува во сите скопски општини.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во претстојниот период ќе продолжи со еко-едукација на нашите најмлади сограѓани во градинките, основните и средните училишта, како и со нивно запознавање со правилниот начин на употреба на новите садови за отпад.

 

Треба да знаете
Последни објави