Search

Младите од Бутел демонстрираа мултиетничка соработка

Денеска, среда, 22.05.2019 во Општина Бутел се одржи завршната презентација на проектот: ,,Јакнење на мултиетничката соработка во општините“.

Градоначалникот Велимир Смилевски ги поздрави учесниците во проектот во кој Општина Бутел учествува седма година по ред. Тој додаде дека вакви проекти и се потребни на нашата мултиетничка средина за подобро поврзување на учениците и граѓаните. Воедно градоначалникот Смилевски искажа задоволство од презентираните разултати.

Проектот за јакнење на мултиетничката соработка е поддржан од ,,Детската фондација Песталоци,, од Швајцарија, а е имплементиран од МЦГО, Македонскиот центар за граѓанско образование.

Во оваа завршна годишна активност учествуваа стотина ученици од трите основни училишта од Општина Бутел: Живко Брајковски, Панајот Гиновски и Петар Здравковски Пенко. Секциите од трите училишта ги презентираа резултатите од сработеното во текот на изминатата школска година.

Секцијата од ОУ Живко Брајковски ја презентираше макетата на аларм-детектор, учениците од ОУ Панајот Гиновски го презентираа својот робот, макетата на град со спроведена електрична енергија, како и макетата на Сончевиот систем. Учениците од ОУ Петар Здравковски Пенко ги презентираа активностите што во изминатиот период ги реализирале во пензионерскиот дом ,,Лика Чопова,, во Чаир, како дел од училишната хуманитарна секција.

На оваа завршна манифестација беше промовирана и поделена специјалната брошура за проектот преку кој се јакне мултиетничката соработка во Општина Бутел.

Треба да знаете
Последни објави