Search

Младите Израелци и Палестинци мислат дека никогаш нема да се смират нивните држави

Поголем дел од младите Израелци и Палестинци мислат дека израелско-палестинските судири никогаш нема да се решат, покажало истражувањето на Меѓународниот одбор на Црвениот крст.

Од 16.000 млади испитаници со разни државјанства, Израелците и Палестинците се најпесимистични во врска со преспективата на мирот.

Според истражувањето, 65 отсто Израелци мислат дека мирот никогаш нема да се оствари, што е најпесимистична стапка меѓу испитаните земји, а младите Палестинци покажале нешто повеќе надеж – 52 процента.

Во истражувањето биле испитани млади на возраст од 20 до 35 години од осум држави во мир и осум во војна за да се дознаат нивните гледишта за судирите, иднината на војните и вредностите што ги подразбира хуманитарното меѓународно право.

Треба да знаете
Последни објави