Search

Младиот Васев нека не му го држи стравот на Заев, нека одговори дали денес Заев во Софија дал понуда за прифаќање на сите бугарски барања?

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Стефан Васев

„Заев во паника, пола раководство му бара оставка, а другата половина се срами и му се потсмева позади грб. Нека не ја замајуваат јавноста на денот кога се знае дека Бугарија не е единствената што вели дека треба да има вето. Каде се оние за кои Заев велеше дека ќе им го омекнел срцето. Наведната глава никој не почитува туку работа и дела какви нема Заев.

Младиот Васев нека отиде во партија и нека го праша премиерот во заминување Заев што тајно преговара во Софија. Дали денес има разговори во Софија на кои Заев има понуда за прифаќање дека Бугарија не била окупатор туку ослободител, за тоа дека не постои македонско малцинство во Бугарија и прифаќајки дека македонскиот јазик е стебло без корен.

Ако на Васев му е важна Македонија, а не фотелјата на Заев го повикуваме да ни се приклучи на народните протести наместо да ја замајува јавноста.

Треба да знаете
Последни објави