Search

Киднаперите му барале на Терзиќ 5.000 евра за да не го ставаат во багажникот од автомобилот

Поранешниот млад фудбалер на српскиот фудбалски првак Црвена звезда, Алекса Терзиќ (20 г.)  сега член на италјанската Фиорентина, успеал да им побегне на две лица кои сакале да го „спакуваат“ во багашник од „ауди“! Драмата се случила на улицата Јури Гагарин во Нов Белград. Најпрво за време на одвивање на сообраќајот дошло до расправија, а потоа и до судир на автомобилите „ауди“ и „БМВ“. Автомобилот „ауди“ во кое се превезубвале две лица удрил во „БМВ“ во кое се возел сам Терзиќ.

Откако фудбалерот излегол надвор од својот автомобил двете лица се обиделе да го совладаат и да го пикнат во багажникот од својот автомобил. Но, момчето успеало да се одбрани и да им побегне на лицата кои сакале да го пикнат во багажник. Грабнувачите по неуспешниот обид да го совладаат младиот фудбалер со неговиот автомобил побегнале од местото на настанот во правец на населбата Калуѓерица, каде подоцна белградската полиција ги пронашла и ги привела.
Според изјавата на Терзиќ дадена пред полициските службеници непозната девојка која била во автомобилот на грабнувачите го спасила, бидејќи почнала да вика што му се подготвува.
-Девојката од „аудито“ викана – бегај ќе настрадаш. Го запалив автомобилот и почнав да бегам. На раскрсницата од улицата Јури Гагарин ме стаса „шкода“ и удри во „БМВ“. Ми се обратија со зборовите – дај 5.000 евра или ќе те киднапираме – ги прераскажал Терзиќ драматичните моменти пред полициските службеници, пренесуваат српските медиуми.
„Филмските сцени“ со обид за грабнување на белградските улици во полиција ги пријавил нападнатиот Терзиќ, кој во Белград дошол поради репрезентативните обврските кои ги имал со младата селекција на Србија во квалифиакциските мечевите за ЕП со Естонија и Русија.
Фудбалските стручњаци ова момче го сметаат за еден од најголемите таленти. Терзиќ уште како 11-годишно дете дошол од ФК Младеновац  на „Маракана“ каде меѓу „црвено-белите“ ги минал сите млади категории. Овој фудбалски талент од Младеновац е роден 17 август 1999 година. Тригодишен договор со Црвена звезда  потпишал во 2016 година кога бил актуелен кадетски репрезентативец. Играше за младинската и младата репрезентација на Србија каде е сеуште е член.  Минатата сезона беше пријавен за настапот на сениорскиот тим во квалифиакциите за Лигата на шампионите. За првиот тим на Ц.звезда дебитирал  во јули 2018 година против Динамо Врање. Во летниот преоден рок направи милионски трансфер со преселбата од Црвена звезда во калчолигашот Фиорентина.

Треба да знаете
Последни објави