Search

Младеновски е момче кое има репрезентативен потенцијал

Селекторот на македонската фудбалска репрезенатција Игор Ангеловски – Мрме одбра тим од дваесетина кандидати во кој тешко се влегува и излегува од него. Со последниот потег  дополнително да ги вклучи домашните кандидати Ѓорѓи Стоилов (24 г.) од Академија Пандев и Марио Младеновски (19 г.) Вардар, Мрме ја разбранува фудбалската јавност.

– Стоилов е стандарден во тимот од Струмица и треба да биде замена за Барди, додека Младеновски го гледав во живо против Шкендија и сметам дека има репрезентативен потенцијал. Станува збор за младо момче кое ми падна в очи со својата игра. Пред три години го повикав Елмас, па видете до кај стаса. Истото беше кога ги повикував Муслиу и Бејтулаи, па сега се стандардни репрезентативци. Мислам дека и оваа покана е испратена на вистинска адреса, вели Ангеловски за својата нова одлука.

Треба да знаете
Последни објави