Search

Младата скопјанка почината од Ковид-19 била оперирана од тумор на хипофиза, а 29-годишната струмичанка имала заболување на тироида

Две млади девојки заразени со Kовид-19, за кои денеска Министерството за здравство информираше дека се меѓу деветтемина починати пациенти во последното деноноќие, имале претходни заболувања.

Според информациите од Министерството, кај 23-годишната девојка смртта настапила нагло. Таа добила позитивен резултат на тестот за ковид на 5 септември, а претходно четири дена имала температура, кашлица и тешко дишење. По една недела од позитивниот резултат, на 12 септември, била хоспитализирана на 12 септември на Инфективната клиника.

„Веднаш е класифицирана како тежок пациент, ставена е на кислород. Еден ден пред да настапи смрт, состојбата на пациентката се влошила со пад на сатурација, по што била ставена на неинвазивна вентилација (НИВ). Смртта настапила нагло. Пациентката имала коморбидитети, опериран тумор на хипофиза и морбус кушинг – ендоринолошко заболување“, велат од Министерството за здравство.

За другата девојка, 29-годишна струмичанка, пак, здравствените власти немаат детални информации. Таа починала во клиниката „Жан Митрев“, а во епидемиолошкиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) пишува дека имала заболувања на тироидната жлезда.

Треба да знаете
Последни објави