Search

Ми го разубави денот! Видерспун реагира на грешката дека е Кери Андервуд

Таа е една од најпознатите жени во светот.

Но, на Рис Видерспун не ѝ смета што ја помешале со уште едно познато лице, додека вршела секојдневни обврски во Лос Анџелес во неделата.

Всушност, харизматичната ѕвезда на „Легално русокоса“ се чини дека е прилично воодушевена поради тоа. Таа напиша на Твитер: „За жената на паркингот која ме праша дали сум Кери Андервуд: Официјално ми го разубави денот!“

Актерката и продуцентка Рис Видерспун (44) и пејачката Кери Андервуд (37) имаат слична фризура и боја на коса

Малку иронично, но оскаровката Рис – една од покренувачите на иницијативата новинарите на црвениот тепих да ги прашуваат дивите за улогите а не за фустаните – беше прогласена за најдобро облечена селебрити-личност во 2015 година од страна на угледното списание „Пипл“.

Ова не беше нова титула за холивудската ѕвезда имајќи предвид дека таа беше крунисана како најелегантна од страна на „Асес Холивуд“ два пати. А во четири наварти беше меѓу 100 најубаво облечени жени на планетата, по избор на разни жирија.

Во 2015 година таа беше една од основачите на кампања со хаштаг „прашајте ја повеќе (#askhermore), со цел новинарите на црвениот тепих да престанат со праксата да ги прашуваат актерките, за разлика од мажите актери, за креациите во кои се облечени туку за филмот во кој глумат.

За себе, таа вели дека изгледа како печурка, поради скромната висина од 158 центиметри.

Треба да знаете
Последни објави