Search

Мијалков и Јанкулоска немаа прашања за Верушевски, Ристоска и Пеливанов имаат

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков како и екс-министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и сите други обвинети и адвокати во случајот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“, денеска немаа прашања за Зоран Верушевски, иако одбраната требаше вкрстено да го испрашува.  Сведочењето на Верушевски денеска се очекуваше со голем интерес бидејќи на претходното рочиште рече оти „бомбите“ доживеале модификации и контаминации.

Сепак, обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов се пријавија да постават дополнителни прашања за да се разјасни фактичката состојба. На нивното барање се противеа адвокатите посочувајќи дека обвинителот може да поставува дополнителни прашања само во случај ако одбраната имала вкрстени прашања.

Судот одлучи да го прифати предлогот на Ристоска, која во моментов го испрашува Верушевски.

 

Треба да знаете
Последни објави