Search

Мијалков доби 30 дена притвор за „Империја“

Судијката Весна Димишкова доцна вечерва му определи 30 дневен притвор на ексдиректорот на тајната полиција Сашо Мијалков, по барање на СЈО, дознава „Макфакс“.

Како што претходно беше објавено, притворот за Мијалков му е определен поради влијание врз сведоци и опасност од бегство, но овој пат за случајот „Империја“. Мијалков беше уапсен на 20 ноември, откако беше обелоденето дека Никола Груевски побарал азил во Унгарија, а поради опасноста од бегство за случајот „Таргет Тврдина“.

Неговиот адвокатски тим има 24 часа да поднесе жалба на решението до кривичниот совет на скопска единица. За Мијалков во моментов има четири  активни обвиненија за случаите: „Таргет-Тврдина“, „Тортура“, „Трезор“ и „Титаник 2“.

Во „Империја“ триесетдневен притвор добија Јордан Камчев, неговите соработници Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска, директорот на „Пелагонија“ Цветан Панделески, како и директорот на фирмата „Ексико“, Тодор Мирчевски.

Треба да знаете
Последни објави