Search

Мијалков: Дали Костовски добил пари за да ги изнесе „бомбите“ од МВР?

Во Кривичнот суд, во првиот дел од денешното рочиште за случајот „Таргет – Тврдина”, обвинетиот Сашо Мијалков вкрстено го испрашуваше сведокот Звонко Костовски инженер во петтата управа во МВР.

Мијалков му постави неколку прашања на Костовски во однос на неговата затворска казна, поточно, дали ја отслужил целосно затворската казна, дали бил ослободен со аболицијата од претседателот, дали се вратил во затвор откако е укината аболицијата, Костовски кажа дека е вистина оти му била укината казната, но судечкиот совет одлучи другите прашања да не бидат одговорени.

Обвинетиот поранешен директор на УБК, поставуваше прашања во однос на тоа дали тој бил таргет во системот, на што Костовски одоговори дека не бил, туку, како што појасни Мијалков бил преслушуван како соговорник, односно биле експортитани неговите разговори.

Мијалков му посочи на Костовски дека во исказот кажал дека не земал пари за нелегално снимените разговори кои ги изнел од МВР за да послужат како доказ, нагласувајќи му дека сепак имал акции во вредност од 40.000 евра, на што Костовски кажа дека тоа не е вистина и оти Судот може да го провери тоа.

Рочиштетот продолжи со испитување на сведокот Сашо Трајковски, од страна на Специјалното јавно обвинителство.

Треба да знаете
Последни објави