Search

Мишел Вилијамс: Ќерка ми ме потсетува на Хит Леџер

Ќерката на популарниот актер Хит Леџер, тринаесетгодишната Матилда многу потсетува на нејзиниот татко. Ова го вели нејзината мајка Мишел Вилијамс, која по последните фотографии снимени од папараците, вели дека Матилда ги има истите црти како татко ѝ Леџер, препознатлив по улогата на Џокер во филмот „Темниот витез“.

Хит Леџер почина пред 11 години, а неговата смрт беше прогласена за несреќен случај, кој следуваше по консумација на погрешна комбинација на лекови. Тогаш Леџер зад себе ја остави 2-годишната Матилда, за која уште тогаш се говореше дека неодоливо потсетува на него.

Матилда денес живее со својата мајка Мишел Вилијамс, која во меѓувреме се омажи за музичарот Фил Елверум.

„Матилда многу ме потсетува на Хит. Што и да направи, кога е на нејзиниот скејтборд, се однесува исто како него. Сега сум во животна фаза кога сум многу среќна поради Матилда. Нејзиниот татко на некој начин живее преку неа“, вели Мишел.

Треба да знаете
Последни објави