Search

Мишел: Велика Британија мора да направи избор

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, вели дека останува на Велика Британија да направи избор врз кој ќе го заснова понатамошниот пристап на Лондон до внатрешниот пазар на ЕУ.

„Велика Британија мора да донесе голема одлука, слободен и суверен избор. Ние ќе го почитуваме секој избор што ќе го направат, но тоа ќе одлучи за нивното ниво на пристап до нашиот внатрешен пазар”, рече Мишел.

Говорејќи пред Европскиот парламент, Шарл Мишел истакна дека останува малку време за преговори за идните односи со Велика Британија и дека ЕУ е подготвена да преговара 24 часа, седум дена во неделата, за сите прашања засновани врз законскиот текст.

„Ние сакаме фер и избалансиран договор, но исто така сме подготвени и во случај да нема договор“, рече Мишел.

Тој додава дека сите компании, без разлика дали се европски, британски или кинески, мора да ги следат истите деловни принципи на европскиот пазар.

Брисел наведува дека преговорите за идните односи со Велика Британија мора да завршат најдоцна до почетокот на ноември, со цел да се остави доволно време за ратификација на договорот во националните парламенти.

Во спротивно, предупредува на можноста преодниот рок на излегување на Велика Британија од ЕУ на 31 декември 2020 година да заврши со нерасчистени односи без договор.

Треба да знаете
Последни објави