Search

Мишевски од Вардар ќе продолжи да се усовршува во Гренобл

Талентираниот ракометар од редовите на европскиот, регионалниот и македонски првак Вардар Марко Мишевски, поради малата минутажа во дресот на „црвено-црните“ одлучи да продолжи да се усовршува и да игра во редовите на францускиот  Гренобл.

Мишевски игра на позицијата среден бек, а добро се снаоѓа и на левата надворешна позиција.Во Лигата на шампионите не доби ниту една секунда да настапи за Вардар, додека мала минутажа имаше во регионалната СЕХА-лига и домашното првенство.

-Среќни сме што ќе имаме играч кој ја има освои Лигата на шампионите, без разлика што не настапувал, но бил дел од тимоит. Марко има голем потенцијал. Моја задача е да го направам уште подобар играч. Колку што го видов тој е добар професионалец и сигурен сум дека многу ќе добиеме со него“, вели тренерот на Гренобл.

Треба да знаете
Последни објави