Search

Мичел: Важно е кои играчи се тука, а не кои недостасуваат

Донован Мичел беше најуспешен во разочарувачкиот пораз на САД во четвртфиналето на СП 2019 со 79-89 против Франција.

Бекот на Јута постигна 29 поени, а по мечот ги повика медиумите да се фокусираат на моменталната постава на Американците, а не на многуте ѕвезди, кои откажаа учество поради различни причини.

– Овие 29 точки не се важни. Клучни беа грешките и работите што не ги направив како што треба. Ние изгубивме. Тоа е тоа. Само тоа е во мојата глава. Ако некои НБА играчи не беа тука со нас, значи тие не сакаа. Имаше играчи кои испаднаа од составот пред да започне првенството. Знам како се чувствувам јас и како се чувствуваат другите во соблекувалната. Не треба да се фокусираме на тоа кој не е овде, туку на тие што се тука. Имаме 12 играчи кои се подготвени да играат за САД, како и во сите други репрезентации. Дојдовме да се натпреваруваме и го сторивме тоа, соопшти Мичел по поразот.

Треба да знаете
Последни објави