Search

„Мицубиши лансер“ излета од пат кај Кавадарци, еден тешко повреден

На 19.02.2020 во 21.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – с.Росоман, кај с.Рибарци, патничко возило „мицубиши лансер“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(38) од Кавадарци, излетало надвор од коловозот. Во незгодата Ж.С. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

Треба да знаете
Последни објави