Search

Мицотакис ќе ги извести граѓаните дека целосен карантин не е на опција во борбата со коронавирусот

Се наоѓаме во клучна фаза во справувањето со пандемијата, Грција има подобра епидемиолошка слика од многу други земји, бројот на новите случаи иако е висок, сепак се стабилизиран, објасни портпарлот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, говорејќи за ситуацијата со коронавирусот во земјата и истакна дека општ карантин, како мерка не е на маса.

Дополнително, соопшти дека попладнево, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе упати видео порака до граѓаните, ќе објасни каква е во овој момент ситуацијата, што треба да се стори, но во никој случај нема да говори за карантини или пак за некоја дополнителна мерка.

Пецас објасни дека мерките што се воведуваат треба да се едноставни, лесни за спроведување и контролирање за да потои доверба кај граѓаните, а одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина истакна дека рестриктивните мерки на локално ниво се дел од владиниот арсенал, но општ карантин не е на маса, не го споменуваат ниту експертите, ниту го ововедуваат други земји со многу поглем број случаи

Треба да знаете
Последни објави