Search

Мицотакис: Ципрас ги дели Грците

Лидерот на грчката опозицијата, Киријакос Мицотакис го критикуваше грчкиот премиер, Алексис Ципрас, бидејќи ги опишал демонстрантите против договорот за името како крајно десничарски популисти.

Грчкиот премиер ги дал забелешките за време на разговорот со францускиот претседател, Емануел Макрон на Самитот во Кипар, пишува грчкиот весник, „Катимерини“.

„Ципрас вчера уште еднаш го навреди грчкиот народ. Тој ги опиша како безумни оние кои се противеа на преспанскиот договор. Ципрас се однесуваше дрско и неодговорно пред странските лидери“, изјави Мицотакис.

„Сепак, тој немаше што да каже за премиерот Зоран Заев кој продолжи Скопје да го нарекува Македонија“, рече Мицотакис.

Подвлече дека Ципрас го дели грчкиот народ, но Грците ќе останат обединети, горди и достоинствени , па наскоро на Ципрас ќе му го дадат одговорот што го залужува

Треба да знаете
Последни објави