Search

Мицотакис поднесе интерпелација во грчкиот парламент за владата на Ципрас

Лидерот на грчката опозиција Кирјакос Мицотакис поднесе интерпелација во грчкиот парламент за владата на Алексис Ципрас поради договорот за името. Според Мицотакис, станува збор за лош договор и прифаќањето на македонскиот јазик и македонската националност е неприфатлив национален пораз.

Претседателот на Нова Демократија вели дека државата добива географска одредница, но не и нејзиниот народ.

„Можете ли да ми кажете зошто луѓето да бидат нарекувани Македонци и да зборуваат македонски?“, го прашува Мицотакис премиерот Ципрас.

Мицотакис му забележува на Ципрас и дека се подготвува да потпише договор во Преспа во недела, без да потврди дека има парламентарно мнозинство и без едногласна поддршка од неговиот кабинет.

„Сè ова е без преседан. Обврзан сум да ги искористам сите можности предвидени со уставот да го спречам застранување на институциите и ставање на иднината на земјата под хипотека“, вели Мицотакис.

Треба да знаете
Последни објави